Вчера во 04.28 часот на ул. „Индустриска“ во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд фиеста“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Д.(58) од Виница и товарно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка „Кроне“ со винички регистарски ознаки,, управувано од Д.З.(24) од село Трсино, виничко.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Кочани, од каде биле препратени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.