Две машки лица загинаа вечерва во тешка сообраќајна несреќа која се случила на улица „Првомајска“ во близина на „Мебел Ви“ во правец кон населбата Драчево. Според очевидци кои пишуваа на „Ѕид на сообраќајниот срам“, двата автомобили се искршени, а лицата починале уште пред да дојде Брзата помош. Причините за несреќата се уште не се познати, се очекува полициски увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.