На магистралниот пат Охрид-Кичево, утрово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Скопје и возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од А.С.(64) од Охрид.

Со тешки телесни повреди се здобил Н.С., на кого му е укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“. Со телесни повреди констатирани во Општата болница во Охрид, се здобиле К.С.(60)-сопатник во првиот автомобил и А.С., возач на вториот автомобил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.