Најмалку две лица се повредени во судир на два автомобили вечерва во Бутел, дознава 24 Инфо.

Сообраќајната несреќа се случила на крстосницата од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ кај старото кино „Бутел“.

Тогаш се судриле автомобили „голф 2“ и „голф7“. На местото веднаш дошла екипа на Итната помош, која однела во болница две лица од постариот „голф“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.