На 03.10.2020 околу 19,07 часот на магистрален пат Ресен-Битола кај место викано „Сопотски ливади“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки управувано од А.Н.(29) од Ресен и трактор „имт 539“ со ресенски регистарски ознаки управуван од З.Ј.(53) од Ресен на кој сопатници биле М.Ј.(47) од Ресен и К.Ј.(21) од Ресен, информира МВР.

Според податоците од полицијата по незгодата З.Ј. со возило на итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола каде му се констатирани тешки телсени повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Ресен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.