Повеќе лица се повредени во страотна сообраќајка што се случила пред половина час на патот Кичево-Охрид, објави „24 Инфо“.

Во судир на „фолксваген пасат и „сузуки марути“ има повеќе повредени, а пожарникарите се обидуваат да го извадат возачот на „сузукито“.

Сообраќајот е во прекин, а полицијата врши увид.

За сега нема информации од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.