Во тешка сообраќајка на патот Битола- Ресен биле повредени две лица.

-На 18.06.2021 во 11.05 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Р-1101 Битола-Ресен, во близина на с.Братиндол, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, управувано од П.М.(31) од с.Ротино, битолско и товарно возило „дфм“, управувано од П.М.(71) од с.Облаково, битолско, двете со битолски регистарски ознаки, велат од МВР.

По незгодата двајцата возачи се пренесени во Клиничка болница Битола, каде кај П.М.(71) биле констатирани тешки телесни повреди, а кај П.М.(31) телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.