На 18.07.2021 во 17.20 часот на магистралниот пат Струга – Граничен премин „Ќафасан“, во близина на крстосницата за с.Мали Влај, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, патничко возило „бмв“, со швајцарска национална ознака, управувано од Р.Н.(38) од с.Градец, гостиварско и патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(25) од Охрид.

Во незгодата, двајца полициски службеници, возачот на возилото „бмв“ и двајца сопатници од неговото возило се здобиле со повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струга и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.