Во близина на аеродромот во Охрид, пред селото Мешеишта, попладнево се случила сообраќајна незгода. Според фотографиите кои ги испратил читател до Фактор.мк и според информациите од местото на настанот, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило и моторцикл.

Повредено е лицето кое било на моторот, но е контактибилно.

Полицијата врши увид на местото на незгодата и го регулира сообраќајот, кој поради несреќата се одвива отежнато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.