Три лица од кои две деца се повредени синоќа околу 19:45 часот на локалниот пат с.Војник-с.Клечовце. Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко моторно возило „форд фокус“ управувано од М.Б.(24) од Куманово и патничко моторно возило „митсубуши“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ј.Т.(52) од Кратово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „митсубуши“ А.Т.(38) и сопатник на возраст од 11 години, а друг сопатник на 12 годишна возраст се здобил со телесни повреди.

Со возило на Итна медицинска помош лицата биле пренесени во Клиничката болница Куманово за укажување на лекарска помош, а двете лица со здобиени тешки телесни повреди биле препратени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.