На 12.07.2020 во 01.40 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„5“ во нас.Ѓорче Петров, патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(19) од Скопје, удрило во бетонска ограда и се превртело.

Во незгодата, сопатникот Д.В.(18) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, а сопатниците Д.Н.(18) и А.Т.(23), двајцата од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.