Попот Виктор Стојчев, кој е оштетен во предметот во кој Миле Јовановски е осуден на шестмесечна казна затвор, рече дека нема да ја коментира пресудата, но дека правдата е задоволена.

Правдата е задоволена. Сторителот ќе биде казнет. Пресудата не би ја коментирал, рече Стојчев, кој ќе бара отштета во граѓанска постапка од татко му на Боки 13.

Попот кажа дека неговото семејство три години било под стрес и закани од семејството Јовановски и им се заблагодари на медиумите за интересот.

Судијката Александра Ристеска го осуди Јовановски бидејќи со умисла тешко телесно го повредил попот Виктор Стојчев на 7 јануари, за Божик 2017 година. Одбраната има право на жалба до Апелациониот суд. Јовановски денеска не дојде да ја чуе пресудата.

Таткото на Бојан Јовановски-Боки 13, пред судијката Александра Ристевска во Кривичниот суд призна дека на Божик во 2017 го тепал со боксови и клоци неговиот прв сосед свештеникот Виктор Стојчев и оти му нанел тешки телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.