Во две одделни тепачки во скопски Аеродром, повредени се еден маж и една жена.

Имено, во петокот, во 17.45 часот Д.П.А.(31) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

Истиот ден, во 19.30 часот И.П.(34) од Скопје пријавила дека во маркет на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од Д.К.(43) од Скопје. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.