Физичка пресметка во маркет е пријавена вчера во 10.40 часот во Полициската станица Неготино, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Дваесет и седумгодишник од Демир Капија пријавил дека во маркет во Неготино, по вербална расправија со едно лице, настанала физичка пресметка пoмеѓу нив, појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.