Пред ноќен клуб во Прилеп ноќба во 2:50 часот од полициски службеници од Полициската станица Прилеп биле лишени од слобода М.М.(28) и Д.П.(31) двајцата од Прилеп.

Како што соопшти МВР, тие физички нападнале полициски службеници, кои интервенирале по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир, а на еден полициски службеник му нанеле и повреди. Известен бил Јавен обвинител.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.