Тепачка пред кафеана во Кучевиште- едно лице уапсено

Црна хроника 02.03.2020 / 15:47

По тепачка пред угостителски објект во скопското село Кучевиште, едно лице било уапсено поради нанавредување на полицајците.

„Вчера вечер во 22 часот и 15 минути во село Кучевиште, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.В.(40) од село Бањани, скопско, поради тоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, односно преземале мерки во врска со пријава за нарушен јавен ред и мир пред угостителски објект во село Кучевиште со физичка пресметка помеѓу И.П.(24) од с.Кучевиште и Т.В.(40) од една страна и К.Б.(18) и Љ.Б.(40), двајцата од с.Кучевиште, од друга страна“ велат од полиција.

По целосно документирање на случајот против Т.В. и останатите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.