Три лица нападнале момче на скопскиот аеродром, по што случајот бил пријавен во СВР Скопје.

Инцидентот се случил ноќва околу 02.40 часот, а како што пријавил во полиција, А.Ф.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ф.Л., Ф.Ф. и Ф.Ф. во кругот на Меѓународен аеродром „Скопје“.

Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.