Две лица се тешко повредени во групната тепачка што се случила вчера во Васкинце.

Како што соопшти МВР, вчера во 14.30 часот во Полициското одделение Матејче, Х.И. од с.Ваксинце, општина Липково, пријавил дека во близина на поштата во с.Ваксинце бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи мигранти, при што биле употребени остар и тврд предмет.

Повредени биле М.А.(18) и М.А.(22), двајцата од Пакистан, на кои во болницата во Куманово им биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.