Четириесет и осумгодишна скопјанка во петокот напладне пријавила во полициска станица дека истиот ден на големиот одмор нејзиниот син бил натепан од соученик.

Во полицискиот билтен е заведено дека околу 9.40 часот на големиот одмор во ходникот на основно училиште на улицата „Лука Геров“ 14-годишен ученик бил физички нападнат од друг ученик.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.