Тринаесетгодишно девојче вчера им подлегна на повредите на главата откако врз него паднала статива во Соколана во Куманово.

Како што соопштија од СВР Куманово, вчера околу 17,15 часот кај нив било пријавено дека во Медицинскиот центар во Куманово била донесена 13-годишна малолетничка од Хрватска, со привремен престој во Македонија, со повреди на главата, кои ги здобила при пад на статива на ракометно игралиште на улицата „Народна револуција“.

Од здобиените повреди девојчето починало.

По наредба на јавен обвинител телото на почината е предадено на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.