Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје) синоќа пронајде гробница на Матка, дознава „Курир“. Според првичните неофицијални информации, гробницата е пронајдена после полициската станица на патот кој води кон Козјак.

Засега има откриено едно тело во дупката, по што на местото треба да пристигне и јавен обвинител, пред да се продолжи со копање.

Засега нема информации чие e безживотното тело. Очекуваме повеќе информации во текот на денот.

Повеќе фото на „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.