Таткото кој е осомничен дека дома сексуалано ги злоупотребувал трите деца од кои најмалото е 6 години најстарото 13 е  поранешен затвореник кој одлежал 8 годишна затворска казна, објави „Досие“.

Освен што бил поранешен затвореник, тој бил и алкохоличар, пишува порталот.

Децата, заедно со мајката се згрижени и социјалните служби се грижат за нив. Тие се безбедни, а таткото е во притвор. Децата одат на училиште, а со нив е и мајката за која социјалните служби оцениле дека може да биде со нив.

Сомнежот дека децата се злоставувани го пријавиле од Социјалните служби а полицијата и обвинителството по коплетирање на случајот го приведоа и притвориа таткото за кого ќе се води постапка за три продолжени кривични дела полов напад и други полови дејствија врз дете кое не наполнило 14 години за што е предвидена најмала затворска казна од 12 години, пишува „Досие“.

фото: Илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.