Откако пред два дена група на граѓани извршија физичко насилство врз дете во Кочани во населбата „Трајаново Трло“, таткото на детето со пиштол и нож во рацете преку видео на социјалните мрежи упатува сериозни закани.

Парче по парче ќе ги исечам, ќе ги дробам, макар цел живот да завршам во затвор – вели таткото на тепаното момче, во краткото видео што се споделува на социјалните мрежи.

Од МВР за „Цивил Медиа“ велат дека го идентификувале лицето кое се заканува со пиштол и нож, односно дека се работи за таткото на тепаното дете во Кочани и дека трагаат по него.

Лицето од видеото е А.И. (36) од Кочани, татко на детето врз кое на 11.4.2021 во место викано „Трајаново трло“ беше извршено насилство од страна на повеќе лица. Од преземените оперативни мерки дојдено е до сознание дека А.И. не е на територијата на Република Македонија и се преземаат мерки и активности за негово обезбедување. За настанот е запознаен Јавен обвинител и се работи на писмено документирање, по што ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.