На 1 јули ќе продолжи рочиштето за предметот „Монструм” на Специјалното јавно обвинителство за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Судењето беше одложено поради необезбедено присуство на двајцата сведоци кои денеска требаше да дадат исказ. За сведоците Драги Ивановски и Диме Весков побарано е полициско приведување.

Судијата Осман Шабани телефонски побарал информација од полициските станици Бутел и Гази Баба зошто не се донесени да сведочат, при што добил одговор дека Драги Ивановски бил недостапен, а куќата која била наведена за неговата адреса била продадена.

Горан Наќевски, татко на убиениот Александар, пред судот рече дека додека ДУИ е на власт случајот нема да се реши и ќе се одложува со години.

Ние ги знаеме функционерите на ДУИ, Сафет Незири, Бујар Османи, Невзат Бејта, Беким Незири, истакнал Наќевски.

(Извор – МКД.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.