Две малолетни деца вчера се најдени оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и тие биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје. Очевидци за „Република“ раскажуваат дека децата била сами во автомобилот и плачеле, додека татко им бил во црквата која се наоѓала близу паркингот на прослава по повод празникот Богородица. Децата била исплашени, исцрпени и молеле за помош. По што минувачи ги слушнале и пристапиле да помогнат. Од изјавите на очевидиците родителите на децата биле разведени, а кај таткото биле оставени на еден ден чување. Случајот веќе го потврди и полицијата.

На 28 август околу 21,50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато“ во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени. Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза’“, информираат од МВР.

По преземени мерки од полициските службеници ги пронашле Т.Т.(44) и М.Н.(35), родители на децата. За случајот полицијата го известила јавниот обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.