Вчера во 11.40 часот во СВР Скопје, маж од село Горно Количани, скопско, пријавил дека неговата 18-годишна ќерка од страна на 18-годишно момче од истото село, со кое долго време се познавале, била насилно внесена во возило.

Но, во 13.30 часот двајцата 18-годишници дошле во Полициската станица Драчево. Девојката изјавила дека не била физички малтретирана, а момчето изјавило дека биле на гости кај негови роднини.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.