Утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13, Миле Јовановски, обвинет дека му нанел тешка телесна повреда на попот Виктор Стојчев, поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи.

Судијката Александра Ристеска рече дека не добила известување за отсуството на обвинителката, која била уредно повикана. Адвокатката на Јовановски, Јелена Симиќ, рече дека не им бил дозволен увид во доказите на Обвинителството иако тоа го барале со ургенции.

Боки 13 е сведок во оваа постапка, но судот не го повикал поради економичност на постапката.

Следното рочиште е закажано за 12 ноември. Излегувајќи од судот, Миле Јовановски рече дека не бил Силвестер Сталоне за да го истеа попот за една минута, кој, пак, му бил сосед.

Не сум Силвестер Сталоне да го истепам за една минута – рече Јовановски на излегување од судницата.

Таткото на Боки 13 прашан од новинарите рече дека не знае ништо за случајот „Рекет“: Не знам ништо, немам поим – одговори тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.