Вчера во СВР Тетово биле лишени од слобода Ш.Т. (42) и Д.Т. (68) од с. Церово,тетовско, кај кои истиот ден во периодот од 06.45 до 09.30 часот, постапувајќи по претходно издадена наредба од Основен суд Тетово, полициски службеници при преглед во куќа и патничко возило „голф 5“ со тетовски регистарски ознаки во сопственост на Ш.Т. и неговиот татко Д.Т. пронашле марихуана, пушка „бокерица“ кал.12 мм, 13 патрони различен калибар и 15 куршуми калибар 7,62 и 15 м. дрва без печат.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.