Во петокот попладне во с. Сенце-гостиварско, по претходна наредба од Основен Суд – Гостивар, во присуство на работник од Центарот за социјални работи – Гостивар извршен бил претрес во куќа во која живеел 16- годишен малолетник. При претресот пронајдени биле и одземени: пушка „Црвена застава“ (карабин) со монтиран дурбин, метален нож, две ловечки расклопени пушки и една расклопена малокалибарска пушка, батериска ламба, двоглед и моторна пила.

Пронајдените предмети се фотодокументирани и одземени за вештачење, а постојат основи на сомнение дека потекнуваат од извршени кражби.

Малолетникот и неговиот татко И.М. (66) се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.