Браво за судиите господ на сите нека им пресуди, пишува татко чиј син загинал во сообраќајка, а неговата бремена сопруга го изгубила плодот од здобиените тешки телесни повреди.

Тој на фејсбук сподели детали од судското рочиште во кое пред судиката да ја изрече пресудата бил известен дека каква и да биде да остане смирен, бидејќи може да биде казнет.

Пресудата гласеше, не е виновен и ке биде две години условно осуден. Така да сега кој е кој, ние ќе бидеме казнети ако негодуваме, а тој што одзеде животи, што уништи животи на фамилии си е слободен. Тоа е нашето судство, обвинителство и цел ланец на судски заверзлами, пишува таткото Зоран.

Тој потенцира дека не смее да каже некој лош збор на фејсбук, бидејќи ќе го најдат за виновен.

Сега нека пресуди народот кое судство и која правна држава ја иммае. Не знам што да напишам, а имам за кажување многу. Ама дека нема да биде осуден ниту еден ден, ниту да биде притворен за тешки дела во сообраќајот не можев да верувам. Браво за судиите господ на сите нека им пресуди, пишува таткото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.