Актерот Сашо Тасевски објави жесток статус на социјалните мрежи поради загинувањето на 24-годишнате девојка, која беше прегазена на пешачки премин кај Сити Мол во Скопје.

На говедото што ја прегази девојката на пешачки кај Сити Мол, рацете да му ги пресечете.

 

Ова е резултатот на вашето аминување на оние кои дивеат по Партизанска.

 

Шест месеци апелирам кај полицајци и на булеварот кај Настел во Карпош да стават семафори, радар додека не загинал некој, зашто тука говеда се тркаат и преку ден, а има пешачки, ама џабе.

 

И само продолжете да им давате условни казни на говедата што убиваат луѓе со бесни коли.

 

Башибозук полиција и судство. Се корумпирано.

 

Неизживеани копилиња со многу пари се курчат по булеварите како да не постојат пешаци и други во сообраќајот – реагира Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.