Такси возило утрово удри во двајца пешаци на пешачки премин во централното градско подрачје во Штип. Пешаците, кои биле дедо и внук, се здобиле со телесни повреди.

Несреќата се случила околу 8 часот кога 65-годишниот пешак и неговиот осумгодишен внук преминувале на пешачки премин, а во нив удрило такси возило марка „Шкода фабија”. Возилото го управувал 60-годишен возач од Штип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информирала дека пешаците веднаш се пренесени во штипската Клиничка болница, каде што им се констатирани телесни повреди, а од болницата изјавиле дека за среќа тие минале со полесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.