На продажба бил ставен исказот на осомничениот Зоран Милевски за случајот „Рекет“, односно непознато машко лице се јавило на еден од вклучените во одбраната и го понудил за пари, дознава „Фокус“ од извори во истрагата.

Машко лице деновиве се јавило на еден од адвокатите и за пари му го понудил тајниот записник. Тој веднаш го прекинал разговорот и случајот го пријавил на обвинителката Вилма Русковска. Исказот на Кичеец засега е тајна за адвокатите на останатите осомничени, бидејќи обвинителката Русковска реши да не им го даде.

 

Неофицијано, обвинителството дало налог да се прегледаат снимките од безбедносните камери за да се открие дали исказот протекол од обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.