СВР Тетово денеска спроведе акциска контрола за санкционирање  непрописно престигнување, во рамки на која вкупно биле санкционирани 39 прекршоци (25 на територија на Тетово и 14 на територија на Гостивар), соопштија од тетовската полиција.

– Прекршоците се санкционирани со адекватни поднесоци. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од СВР Тетово. оџ/лв/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.