Да не се поттикнуваат и организирааат борби со кучиња апелира тетовската полиција потсетувајќи дека тоа се третира и како кривично дело со предвидна затворска казна. Од таму потенцираат дека се засилени контролите поради оваа незаконска практика.

– Секторот за внатрешни работи Тетово со апел и укажување до сопствениците на расни кучиња да не иницираат или организираат борби на вакви животни, зашто тоа е спротивно на Законот на прекршоци против јавниот ред и мир и според член 9 од овој закон, тие ќе се соочат со поднесоци и парични глоби кои се движат од 500 до 1000 евра во денарска противвредност. Воедно, во зависност од околностите и крајните последици од користењето на кучињата за борби, истото може да се третира и како кривично дело „мачење животни” (член 233 од Кривичниот законик), за кое се предвидени парични или казни затвор до една година, истакнува Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од СВР Тетово потсетуваат дека што нелегалните борби на кучиња многу често се поврзуваат и со незаконско обложување што е претставува друго кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.