Нa 4 август 2020 до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, преку сервисот „Црвено копче“ пристигнала пријавата за лицето кое „Тик-ток“ се снима како пали јавни површини.

Како што соопштија од МВР, пријавата е доставена до СВР Скопје, како надлежна организациона единица која постапува по сторени кривични дела од таа област.

МВР презема мерки и активности за утврдување на точниот идентитет на снимката и на учесниците во неа, како и за понатамошно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.