Нападната жена пријавила инцидент ноќеска во 1:15 часот во СВР Скопје.

Како што соопшти МВР денеска, К.С.(29) од село Мирковци, скопско, пријавила дека на вчера околу 21 часот во семејниот дом во село Мирковци, по претходна расправија, била физички нападната од свекрвата Д.П.К. од село Мирковци, а потоа и нејзиниот сопруг Д.К. ѝ упатувал закани по живот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.