Вчера околу 19 часот во село Матка, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(51) од село Матка. Кај него при преглед бил пронајден пиштол „берета“ калибар 9 мм, а според пријавеното пукал со пиштолот и организирал семејна веселба во својот двор, спротивно на прописите за заштита од ковид-19.

По претходна пријава, во дворот од неговата куќа полициски службеници извршиле контрола, при што биле затекнати двајца музичари и поставени маси. Поради сомнение дека постапиле спротивно на препораките за заштита од Ковид-19 од слобода биле лишени и Е.С.(22), од село Матка, И.Ј.(56) од село Камењане, тетовско, Ш.Р.(52) од Скопје и Ф.А.(28) од село Србиново, гостиварско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.