Граѓанскиот суд Скопје на 13 октомври ќе објави дали во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ, против обвинителката Вилма Рускоска, имало клевета или критичка мисла.

Адвокатот на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Душковски, пред новинарите истакна дека се надева дека одлуката што ќе биде донесена од Судот,  ќе биде во целост согласно праксата на Судот во Стразбур.

Суштината на овој предмет не е дали ВМРО-ДПМНЕ или која било друга политичка партија ќе плати штета по наводна клевета сторена. Суштината на овој предмет е дали ќе имаме критичка мисла и слобода на говор во Република Македонија согласно етички стандарди или ќе имаме фиктивна демократија. Тоа е суштината на овој предмет. Овде говориме за слобода на мисла и слобода на говор – изјави адвокатот Душковски.

Отштетното побарување кое го побарува обвинителката Вилма Рускоска од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, за надомест на нематеријална штета изнесува 615 илјади денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.