Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Маркова Сушица, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од Д.Д.(23) од Скопје и автобус „ман“, управуван од Е.Д.(25) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.К.(21) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Д.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.