На автопатот Демир Капија-клучка Миравци во 01,20 часот по полноќ било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила, во која со повреди се здобиле четири лица, двајца македонсски и двајца српски државјани.

Ккао што соопштија од МВР, сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „пасат“ со српски национални ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од Србија, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(24) од скопско Студеничани и патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(40) од Скопје.

Во сообраќајката со повреди се здобиле возачот Б.Ј. и сопатникот од истото возило Т.С.(22) од Србија, кои биле пренесени во Медицинскиот центар Гевгелија. И другите двајца возачи биле пренесени во Медицинскиот центар Гевгелија за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.