Две лица се повредени во судирот кој се случи вчера во 15.45 часот на крстосницата од регионалниот пат Скопје – Велес, кај с.Петровец.

Како што соопшти МВР, сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(31) од с.Петровец, скопско, и патничко возило „фолксваген туарег“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(45) од с.Идризово, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.П., а со телесни повреди се здобил З.Н., по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.