Судијката Васка Николовска Масевска имаше забелешка на однесувањето на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Сакате да излезете?, го праша Масевска Боки откако тој иронично се смееше.

Поранешната специјална обвинителка пак беше опомената да „не зборува многу” откако таа дофрлаше нешто од место.

Нивните реакции следуваа откако обвинителката Вилма Русковска презентираше снимка како Боки и во јули 2019 година влегува влегува во куќата каде што престојуваше Јанева, на улица „Стрезовска“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.