Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 24 април, откако денешното рочиште беше одложено поради состојбата со корона вирусот во затворот Шутка.

Случајот се наоѓа во фаза на дополнение на доказна постапка, а на денешното рочиште требало да се презентираат вештачења на ЈО.

Денешното рочиште се одложи поради состојбата со коронавирусот во Затворот Шутка и треба да продолжи на 24 април. Во фаза сме на изведување на докази од ЈО – вештачења за кои треба да се потврди дали тие вешти лица имаат лиценци и да се пристапи кон изведување на тие вештачења – информираше за МИА, адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев.

На претходните неколку рочишта се презентираа докази од Катица Јанева – искази на обвинители од СЈО, поради што тие беа затворени за јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.