Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 31 октомври, откако на денешното рочиште се произнесуваа правните застапници на дел од оштетените, повеќето претставници на семејствата на починатите патници.

Поголем дел од нив се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон, додека сите пред Судот најавија имотно – правно побарување во граѓанска постапка.

За следната расправа на 31 октомври ќе бидат повикани оштетените очевидци, а кои треба да бидат сослушани и како сведоци за настанот.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.