Неисправни автобуси, несоодветни технички прегледи, манипулации со тахографот, несоодветни стручни лица… ова се само дел од можните заклучоци по денешното судско рочиште за сообраќајната несреќа кај Ласкарци кога се преврте автобус на „Дурмо турс” и загинаа 16 лица.

Според сведочењата на дел од вработените во „Дурмо турс“, излегува дека шефот на возниот парк имал само основно образование, без стручна обука или курс за раководење со автобусите на компанијата.

Обвинителот Дарко Јакимовски констатира дека никогаш не се случило автобус да не го помине техничкиот преглед заради технички неисправности. Само годинава констатирани се неисправности кај 80 автобуси кои биле на контрола, рече Јакимовски.

Автобусот што се превртел кај Ласкарци воопшто и не требало да биде пуштен во сообраќај. Прашање на ден беше кога ќе се случи некаква несреќа со тој автобус, дополнил обвинителот и додал дека преку овој настан општеството во целина мора да извлече поука.

(Извор – МКД.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.