Сообраќајка во која учествуваа 3 возила се случи вечерва на булеварот Партизански одреди во Скопје на крстосницата со бул. 8 Септември, во близина на бензинската пумпа на Макпетрол.

Според очевидци кои испратија и фотографија до редакцијата на Република едно од возилата се забило во металниот столб од семафорот, а други две возила се судриле меѓу себе непосредно пред семафорот.

Полицијата е на местото на настанот и врши увид за причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.