Во судар на автомобил и на камион во тетовско, во близина на Желино, се повредени возачите на двете возила.

На 21.10.2020 во 07.40 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Желино – Палатица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „смарт“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(22) и товарно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(50), и двајцата од с.Палатица, тетовско – информира МВР.

Во незгодата, М.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а Џ.Е. со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Тетово.

Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.