Седумдесет и осумгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Гевгелија – Богданци.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера помеѓу камион „мерцедес“ со полуприколка, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(55) од Прилеп и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од Б.П.(78) од Богданци.

Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.