Вчера во 11.30 часот во населба Плитишта-Струга се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(65) од с.Боровец, струшко, и велосипед управуван од М.К.(65) од Струга.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.К. и бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.